Лудо сценарио: Можно е ниту Сити ниту Ливерпул во недела да не го кренат шампионскиот пехар

Манчестер сити или Ливерпул, еден ќе ја освои титулата во Премиер лигата/Фото: EPA/Nigel Roddis

Во пресрет на последното коло од англиската Премиер лига, на табелата води Манчестер сити со 90 бодови пред Ливерпул со 89. Фудбалерите на Пеп Гвардиола зависат од себе во трката за титулата. Во можни сценарија титулата можат да ја освојат и Манчестер сити и Ливерпул, но може да се случи по последното коло сè уште да не знаеме кој е сопственик на титулата во Англија. Сценариото за такво нешто не е реално, но е можно.

Како Манчестер сити може да дојде до титулата?
– Манчестер сити е домаќин на Астон Вила и доколку освои три бода на тој натпревар ќе ја освои осмата титула во Англија.

Како Ливерпул може да дојде до титулата?
– Ливерпул мора да го победи Вулверхемптон и да се надева дека Астон Вила нема да загуби од Сити. Победата би го донела Ливерпул до 92 бода, а Сити до 91 (во случај на нерешено) или 90 (во случај на пораз).

Што доколку и Манчестер сити и Ливерпул ремизираат?
– Титулата оди во рацете на Манчестер сити кој би задржал бод предност пред тимот на Клоп.

Што доколку Сити и Ливерпул имаат ист број на бодови?
– Ситуацијата се комплицира доколку Ливерпул ремизира, а Сити загуби. Во тој случај двата тима би имале по 90 бода, а одлуката за шампионот би била донесена врз основа на гол-разликата.

Моментно Сити има гол-разлка 96:24, односно +72, а Ливерпул е на 91:25, односно +66. Доколку Ливерпул ремизира може да ја освои титулата само ако Сити загуби со седум гола разлика. Доколку тимот на Клоп одигра нерешено, а Сити загуби со шест гола разлика, двата тима ќе имаат ист број бодови и иста гол разлика.

Фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Титулата би ја освоил Сити поради повеќе голови во лигата, освен, се разбира, доколку Ливерпул одигра неверојатно ефикасен натпревар со поделба на бодовите. На пример, 6:6.

Лудо сценарио за шампионската титула
– Следниот сегмент што треба да се погледне во борбата за титулата, ако останатите се изедначени, е меѓусебниот скор. Овде приказната исто така е израмнета, со 2:2 во двата натпревари, а потоа доаѓаме до сценарио во кое ниту Сити ниту Ливерпул нема да ја освојат титулата по последното коло.

Во таков случај шампионот во Премиер лигата би го дознале преку бараж меч на неутрален терен. Не е веројатно, но можно. Во случај Сити да загуби со 0:6 од Астон Вила, а Ливерпул да ремизира 5:5 со Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот