Љубовта на Дражен Петровиќ и Сања Долежал: Во тие години, кога сакаш, навистина сакаш!

– Тогаш имав 22 години, – раскажува Сања Долежал (56) за едногодишната страсна љубов со кошаркарот Дражен Петровиќ.

Ги запознал музичкиот менаџер Зоран Шкугор. Со Дражен тогаш биле мајка му Бисерка и татко му Јован. Тоа требало да биде добра маркетиншка приказна. Сања по упатите на Шкугор почнала да оди на натпреварите на Дражен, а тој на нејзините концерти, па пријателството меѓу нив прераснало во љубов.

„На еден од натпреварите на Цибона фоторепортерите ја снимаа само неа како навива за Дражен. Сите се прашуваа дали Сања и Дражен се заедно, а бидејќи двајцата си се допаднаа еден на друг, започнаа врска која траеше скоро една година. Не се криеја од јавноста. Кога беа слободни шетаа за рака на Штросмаеровото шеталиште или прегрнати на плоштадот. Луѓе им приоѓаа и им велеа дека се прекрасен пар, им посакуваа брак, деца, среќа…“, раскажува Шкугор.

„Дражен беше маѓепсан од Сања. Баш како и таа од него. Двајцата беа млади, популарни и слободни. Таа година тие двајца живееја еден за друг. Сања тогаш многумина ја запросуваа, но велеше, тоа не се вистинските момчиња. Со товарот на славата двајцата знаеја да се справат. Одлично се разбираа, а за љубомора немаше место. Но одвоеноста го направи своето. Дражен играше низ светот, а Сања имаше и по 200 концерти годишно. Емоциите полека згаснаа, а по една година ја прекинаа врската. Тоа беше во 1986 година“, се присеќава Шкугор.

„И понатаму останаа блиски. Секогаш кога имаа слободно време се наоѓаа на ручек како пријатели. Останаа во добри односи и многу се почитуваа“, додава тој.

Прочитајте и...  Од Ковид 19 почина 34 годишен штипјанец

Дражен загина во сообраќајна несреќа кога имаше само 28 години.

„Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт“, се сеќава Сања.

Сања сè уште контактира со мајка му на Дражен, а вели дека песната на „Нови фосили“, „Још те волим“ и е многу мила бидејќи ја потсетува на него.

Прочитај повеќе

Јована Јоксимовиќ се повлекува од тв-екраните… (ФОТО)

Васко Спасоски

Ефтин и безбеден лек против шеќерната болест е новото оружје против коронавирусот? (ФОТО)

Васко Спасоски

Нова војна помеѓу Џорџ Клуни и Бред Пит: Се скарале поради колешка, причината е бизарна! (ФОТО)

Васко Спасоски

Направете сами: Цветни миризби во Вашиот дом

Слободен печат

Раперот Раста може да лежи во затвор од 3 до 12 години поради оваа фотографија! (ФОТО)

Васко Спасоски

Патики, платформи, потпетици… Како обувките го менуваат изгледот на вашиот ЗАДНИК?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Генетска верзија од новиот вирус до 6 пати позаразна за човечките клетки од изворната форма

Слободен печат

Како во старите добри времиња: Анџелина Џоли, Бред Пит и децата во шопинг! (ФОТО)

Васко Спасоски

Како да се организирате за на патување? Список на предмети што ви требаат за на одмор

Слободен Печат

Интервју со психолог Штерјовска: Коронавирусот ја изеде „старата реалност“, „новото нормално“ зависи од нас

Весна Тодоровска

Ви испраќа топли поздрави: Лила Филиповска е првата наша јавна личност која замина на море! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Избегнете труење: Кое месо колку време може да стои во фрижидер и замрзнувач?

Слободен печат