ЛШ: Одредени термините за осминафиналните дуели меѓу Вардар и Пик Сегед

фото: рк вардар

Македонскиот и европски ракометен шампион ќе биде домаќин на 22 март (недела) со почеток во 17.00 часот.

ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од Лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели.

Вардар во осмина-финалето ќе игра со ПИК Сегед. Првиот меч е во Скопје во СЦ „Јане Сандански“, а реваншот во Сегед, Унгарија.

Македонскиот и европски ракометен шампион ќе биде домаќин на 22 март (недела) со почеток во 17.00 часот.

Во истиот термин е и возратната пресметка која ќе се игра следната недела, односно на 29 март.

Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против победникот од средбата Висла (Полска) – Веспрем (Унгарија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот