ЛШ: Гол на Адеми против Шахтјор, Тотенхем ја освои „Маракана“! (ВИДЕО)

Luka Stanzl/PIXSELL

Француската екипа на ПСЖ ги освои трите бода благодарение на погодокот на Икарди во 22. минута после асистенцијата на Дагба.

Во истата група „А“ Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Галатасарај (6:0), хет-трик запиша Родриго, Бензема двапати се запиша во листата на стрелците, а еднаш Рамос од пенал.

Тотенхем во рамките од групата „Б“ освои три важни бода на патот кон осминафиналето, триумфираше во Белград против Црвена Звезда (0:4).

Стрелец на погодоците за премиерлигашот беа Ло Селсо во 34. минута, двапати Сон Хјунг-Мин за период од четири минути во второто полувреме, а конечниот епилог го постави Ериксен.

Динамо Загреб на македонскиот интернационалец Аријан Адеми (капитен на клубот) на домашен терен ремизираше против Шахтјор Доњецк (3:3). Нашиот репрезентативец кој го одигра целиот меч го постигна третиот погодок за хрватскиот клуб во 89. минута после асистенцијата на Олмо.

Лига на шампиони, 4. коло

Резултати, среда –

Група „А“

ПСЖ-Клуб Бриж 1:0
Реал Мадрид-Галатасарај 6:0

Табела: ПСЖ 12 бодови, Реал Мадрид 7, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1.

Група „Б“

Баерн Минхен-Олимпијакос 2:0
Црвена Звезда-Тотенхем 0:4

Табела: Баерн Минхен 12 бодови, Тотенхем 7, Црвена Звезда 3, Олимпијакос 1.

Група „Ц“

Аталанта-Манчестер сити 1:1
Динамо Загреб-Шахтјор Доњецк 3:3

Табела: Манчестер сити 10 бодови, Шахтјор Доњецк 5, Динамо Загреб 5, Аталанта 1.

Група „Д“

Локомотив Москва-Јувентус 1:2
Баер Леверкузен-Атлетико Мадрид 2:1

Табела: Јувентус 10 бодови, Атлетико Мадрид 7, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот