Љубомир Фрчкоски е предложен за амбасадор во ОН, потврди Џафери

Фрчковски Љубомир / Фото: Архива на Слободен печат

Професорот по меѓународно право Љубомир Фрчкоски  и поранешен министер за внатрешни и за надворешни работи е предложен за македонски амбасадор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, потврди денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес-конференција.

„Имам добиено материјал, од Министерството за надворешни работи доставени се тезите на дотичното лице, се работи за професорот Љубомир Фрчкоски. Во соодветна процедура министерството ги достави тезите на кандидатот и истите веднаш се доставени до претседателот на комисијата за надворешни работи но досега не е свикана седницата. Таа е во надлежност на претседателот на комисијата за надворешни работи, кога ќе реши тој да ја свика, тогаш би требало да биде“, рече Џафери.

Постапката за негово назначување за амбасадор на Македонија во Соединетите Американски Држави беше прекината откако против него кампања поведе Обединета македонска дијаспора. Тој е присутен на македонската политичка сцена од осамостојувањето на земјава во 1991 година. Од почетокот беше министер без ресор, а потоа во тогашната влада со која раководеше Бранко Црвенковски, беше министер за внатрешни, па за надворешни работи. Во 2009 година беше кандидат за претседател на државата предложен од тогаш опозициската СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот