Ливерпул тоне ли тоне, и Фулам ги однесе бодовите од „Енфилд“
Агонијата на фудбалерите на Ливерпул продолжува и во натпреварот против Фулам го продолжи негативниот клупски рекорд.
Ливерпул продолжува со очајните игри во Премиер лигата и го забележа шестиот пораз по ред на домашен терен. Овој пат бодовите од „Енфилд“ ги однесе Фулам кој ја продолжува битката опстанок, додека на „црвените“ сега им бега и четвртото место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се одлучи да драстични промени во тимот по поразот од Челси во средата и против Фулам настапија само Мохамед Салах и Алисон и Енди Робертсон кои не се прославија.
Шаќири, Жота, Кеита и останатите кои добија шанса не се прославија, а по лошото прво полувреме во кои речиси и да не создадоа изгледна шанса за гол, казната ги стигна во 45. минута кога Лемина му ја одзеде топката на Салах и со прецизен удар го совлада Алисон.
Фулам успеа да го одбрани водството, а за тоа во колку очајна форма се наоѓа Ливерпул најдобро зборува податокот дека неговите фудбалери не успеаја да создадат ниту една изгледна шанса.
Ливерпул по поразот остана на 43 бода за седмо место на табелата и има три бода помалку од четвртопласираниот Евертон кој пак има и два натпревари помалку од градскиот ривал.
Од друга страна, Фулам остана на 18. место на табелата со 26 бода, но се израмни со Брајтон кој е една позиција погоре и е на место кое носи опстанок во Премиер лигата.