Ливерпул со еден потег стана најомразен клуб во Англија

твитер

Се уште актуелниот европски шампион одлучи да го искористи предлогот од англиската влада и сите вработени освен фудбалерите ги прати на принуден одмор.

Додека вработените се на одмор, англиската влада ќе покрива дури 80 проценти од платите на вработените додека останатите 20 проценти ќе ги покрие Ливерпул.

Оваа одлука на управата на клубот наиде на огромни критики, прво кај самите вработени кои изјавија дека повеќе не се чувствуваат како дел од семејството во Ливерпул.

Одлуката на американските сопственици ги налути и јавните личности, а меѓу првите кои го критикуваше овој потег е поранешниот капитен на „црвените“ Џејми Карагер.

Јирген Клоп покажа хуманост за сите од почетокот на пандемијата, постарите фудбалери се зазедоа за намалување на платите. Но, целиот тој респект и добра волја се загубија поради оваа одлука – реагираше Карагер.

Прилично гневни на ваквиот потег беа и поранешниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор и познатиот ТВ водител, Пирс Морган.


Покрај Ливерпул, мерките на Владата ги искористија уште четири екипи од Премиер лигата, Њукасл, Тотенхем, Норич и Борнмут, а трн во окото на вработените и навивачите на Ливерпул е тоа што омразениот градски ривал Евертон најави дека ќе ги задржи сите вработени и ќе им исплаќа целосни плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот