Ливерпул руши рекорди во Премиер лигата (ВИДЕО)

Европскиот шампион Ливерпул продолжува да прикажува одлични игри сезонава и да руши рекорди. Ливерпул како гостин го совлада Барнли со 0:3 за четврта победа во исто толку натпревари во Премиер лигата. Ова воеднои претставуваше и 13 победа едноподруго за „црвените“ во Премиер лигата  што претставува клупски рекорд.

Трент Александер Арнолд центрираше пред голот на Барнли, а топката ја закачи несреќниот Вуд кој си постигна автогол во 33 минута, додека Садио Мане четири минути подоцна зголеми на 0:2. Конечниот резултат го постави Фирмињо во второто полувреме и стана првиот Бразилец лпк  стигнал до бројката од 50 постигнати погодоци во Премиер-лигата.

Убедлив настап имаше и шампионот Манчестер сити кој пред своите гледачи со 4:0 го совлада Брајтон. Серхио Агуеро беше стрелец на два гола, а во листата на стрелци се запишаа уште и Кевин де Брујне и Бернардо Силва.


Челси никако да врзе два добри натпревари и одигра само 2:2 против Шефилд јунајтед. Вистински трагичар е Курт Зума кој си постигна автогол во 89 минута и му донесе бод на новиот премиерлигаш.

Кикс направи и Манчерстер јунајтед, кој пак одигра 1:1 на гостувањето кај Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот