Ливерпул и Арсенал на „Вембли“ за првиот трофеј во сезоната

фото: твитер

„Редси“ и лондонскиот клуб имаат по 15 титули во Комјунити шилд пред денешниот дуел од 17.30 часот на „Вембли“ стадионот. На првото место е Манчестер јунајтед со 21 титула.

Тоа ќе биде натпревар помеѓу шампионот во Премиер лигата, Ливерпул, и освојувачот на ФА купот од минатата сезона, Арсенал. Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета во дебитантската сезона дојде до трофејот откако во полуфиналето беше подобар од Манчестер сити (2:0), а во финалето и од Челси (2:1).

Воедно Арсенал на последниот дуел во првенството со 2:1 триумфираше над Ливерпул на „Емирати“.

Не е идеално време за ваков дуел. Ливерпул започна со подготовките многу порано и одигра веќе два пријателски натпревари, додека ние имавме само неколку тренинзи. Од финалето на ФА купот помина малку време и тешко се задржува поголемиот дел од формата. Играчите се мотивирани и имаат можност да освојат уште еден трофеј – рече Артета.

Артета нема да може да смета на услугите на Мартинели, Чемберс, Мари и Мустафи, а се шпекулира дека во составот нема да биде ни напаѓачот Лаказет поради можен трансфер.

И Јирген Клоп има проблеми во тимот, ослабен со неиграњето на капитенот на Хендерсон, потоа Окслејд-Чемберлејн, Ориги и Шаќири, додека Ван Дајк би можел да почне од клупата поради расекотина од пријателскиот натпревар со Салцбург.

Во минатогодишното финале во ФА Комјунити шилд, Манчестер сити на пенали (5:4, регуларен дел 1:1) го совлада Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот