-1 C
Скопје

Лиса Шаќири со пост за Груби и Касами: Престанете да нѐ омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите

Лиса Баута Шаќири посвети пост на Фејсбук за вицепремиерот Артан Груби, како реакција на неговите најави за субвенционирање приватни фирми за вработување на Албанци и лица од други заедници, и до Биљал Касами од Беса за изјавата за двојазичност во приватните фирми.

Артан Груби во едно од своите последните обраќања во јавноста вети субвенции за приватни фирми што ќе вработуваат Албанци и припадници на други малцинства), додека, пак, Билал Касами побара воведување на приватниот сектор отио, како што вели, дел од Албанците не знаеле македонски.

– Значи дечки да се разбереме. Прво, ние не сме ниту глупи, ниту необразовани, ниту прости, а фала богу сме здрави и прави и подеднакво конкурираме на трудовиот пазар и со Македонци и со Германци и други, и тука и во странство. Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми“, пишува Шаќири во постот.

Прочитајте и...  Зеќири-Галовеј: Континуирана британска поддршка на процесот на реформите во јавната администрација и за интензивна стопанска соработка

Таа потоа им сугерира како на партии дека „можете да направите барем едно мало делче на кадарот што го вработувате, да не биде делегиран од вашата партија, туку да им се даде еднаква шанса на сите Албанци, без разлика дали има или нема вложено труд за партијата или поседува или не партиска книшка.

– Второ, ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државата може да не знаат, ама тие не ви се враќаат да ве молат, се вработуваат во топ фирми низ Европа и Америка. Двојазичност не можете да наметнете и кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука. Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски, и албански, па се до поголеми фирми, порачува Шаќири.

Прочитајте и...  УХМР: Нивоата на езерата непроменети, пад на водостојот на реките

Конечно, вели таа на крајот, „престанете да нè омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите.

– Оваа ваша евтина популистичка и божем патриотска игра придонесува да изгледаме уште поинфериорни од тоа што им се причинуваме на Македонците“, заклучи Шаќири и ги поздрави со „фалеминдерит шуме, пријатно“.

Поврзани вести

Инспектори со полиција влегоа во куќата на лекарот што ја оперираше жената што остана без бубрег, матка и јајник

ВИДЕО | Капитол во САД блокиран: Пожар во близина на Конгресот, полицијата предупредува на опасност

Слободен печат

Повеќе од 40 милиони дози вакцини против ковид-19 се искористени, Израел убедливо најмногу

Слободен печат

Нови 63 случаи на Kовид-19 во последното деноноќие, починаа 13 лица

Слободен печат

Кинеските власти открија „супер преносител“: Патувал низ земјата, држел часови, а заразил повеќе од 100 лица

Слободен печат

Зеќири-Галовеј: Континуирана британска поддршка на процесот на реформите во јавната администрација и за интензивна стопанска соработка

Слободен печат

Остави Коментар