„Либеро бенд“ го претстави новиот проект „1000“ ВИДЕО

„1000“ е насловот на новата песна од „Либеро бенд“, која момчињата ја промовираа заедно со спот.

Со објавувањето на оваа песна, тие го најавија и стартот на новиот проект кој ќе содржи неколку песни и спотови во низа, поврзани на начин кој ќе се открива дел по дел, односно како што ќе тече промоцијата на новитетите.

Проектот веќе и официјално стартуваше со промоција на новата песна, прва од низата, певлива, летна, со модерен ритам, зад која се потпишуваат Слаткар и Дејан Стојановиќ – текст, музиката е на Дејан Стојановиќ, а миксот и мастерот на Иван Јованов.

Спотот го изработи Даниел Јовески, снимен е во Охрид со посебна техника за снимање, кај нас малку позната, техника која уште повеќе му дава уникатна димензија на самото видео и на целиот проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот