Леонардо ги потврди преговорите: Наскоро одлука за Мбапе и Нејмар!

EPA-EFE/Ian Langsdon

Во интервју за „Ле Паризиен“, спортскиот директор на ПСЖ изјави дека наскоро ќе завршат преговорите со Килијан Мбапе и Нејмар за нови договори.

Иако има интерес од Реал Мадрид и Ливерпул за Килијан Мбапе, Леонардо вели дека во тек се преговори со напаѓачот и дека тој е оптимист кога станува збор за неговиот престој на „Паркот на принцовите“ дури и по јули 2022 година, кога истекува неговиот важечки договор .

– Изненаден сум од некои приказни кои се појавуваат. Тој има уште цела сезона во договорот со ПСЖ. Неговиот статус во клубот станува сè поважен и неговата одговорност на тој начин расте. Треба да се земе предвид и одредена конзистентност во неговата кариера.

Разговаравме со него веќе некое време и дојде време да донесеме одлуки. Ситуацијата е иста со Нејмар, ние разговараме и мислам дека наскоро ќе го имаме исходот од тие преговори – додаде Леонардо.

Воедно истакнува дека францускиот клуб сака да ја продолжи соработката со Анхел ди Марија и Јулијан Дракслер. Договорите на двајцата играчи истекуваат на крајот на сезоната, но постои голема веројатност Дракслер да има нов клуб од следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот