Леклер ја освои пол позицијата во Монте Карло

epa09219252 Monaco's Formula One driver Charles Leclerc of Scuderia Ferrari Mission Winnow in action during the third practice session of the Formula One Grand Prix of Monaco at the Circuit de Monaco in Monte Carlo, 22 May 2021. The Formula One Grand Prix of Monaco will take place on 23 May 2021. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше најбрз на денешните квалификации пред треката за Големата награда на Монако.

Интересно е што Леклер по освојувањето на пол позицијата удри во заштитната ограда по што неговиот болид беше оштетен.
Второто место му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен додека трето најбрзо време имаше Валтери Ботас од Мерцедес. Актуелниот шампион Луис Хамилтон утрешната трка која ќе се вози низ улиците на Монте Карло ќе ја започне од седмото место.

Ова беше осма пол позиција за Леклер, а прва во родниот град, а исто така е прва пол позиција за Ферари од 2019 година и трката за ГН на Мексико.

Откако ја освои пол позицијата, Леклер ризикуваше и удри во заштитната ограда по што остана без предното лево крило. Меѓутова возачот на Ферари успеа да се извлече без повреди, но им зададе главоболки на своите механичари кои мора да утрешната трка да ја санираат штетата.
На четвртото место се најде Карлос Саинс од Ферари, Ландо Норис од Мекларен беше петти, а во најдобрите десет се најдоа уште и Пјер Гасли, Луис Хамилтон, Себастијан Фетел, Сергхио Перез и Антонио Џовинаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот