„Лекари без граници“: Десет случаи на коронавирус во еден од најголемите бегалски кампови во Кенија

Profimedia

Десет случаи на зараза со новиот коронавирус се регистрирани во еден од најголемите бегалски кампови во Кенија – Дадааб, соопшти хуманитарната организација „Лекари без граници”.

„Случаите на Ковид-19 во земјата постепено се зголемуваат. Кога беше потврден првиот заразен во кампот  Дадааб на 15 мај, хуманитарната организација веднаш презеде итни мерки за да помогне во контролата на болеста. Од 17 јуни, во бегалскиот камп има 10 потврдени случаи на коронавирус”, се наведува во соопштението.

„Лекари без граници” потенцираат дека сите пациенти се во изолација и се лекуваат, а лицата со кои биле во контакт се ставени во карантин. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот