Лекар открива како изгледа борбата со коронавирусот: Пациентите губат еден до два килограми дневно

Фото: Профимедиа

Лондонскиот доктор Зудин Пучери вели дека многу пациенти претрпеле застрашувачки халуцинации откако преживеале тежок облик на коронавирусот.

Лекарот кој ги лечи пациентите со коронавирусот рекол дека некои се разбудиле од кома и рекле дека сакале да умрат. Критично заболените од Ковид-19 доживувале халуцинации кои им предизвикувале физичка и психичка траума.

Д-р Пучери рекол дека тешко заболените случаи ги чека долг и мачен пат кон закрепнување и дека додека се во кома се борат со халуцинации кои ги дезиорентираат и ги оставаат збунети.

– Некои од нив дури за две до три години ќе можат да речат дека се среќни што се живи. Некои ми рекоа дека посреќни ќе бидат да умрат, рекол докторот.

Тој рекол дека најголем проблем за тешко заболените пациенти кои се во кома е губењето на мускулите.

– На пример, пациент од 90 килограми, губи еден до два килограми дневно, објаснува тој.

Постои пациенти кои биле на лечење во болницата 10 дена, но подоцна ги чекале месеци закрепнување. По излегување од болницата на многу пациенти од интензивна нега им е потребна рехабилитација во период од една до пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот