Леброн нема среќа со Кливленд

Леброн Џејмс / фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Екипата на Кливленд Кавалирс оствари триумф во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс од 114-100, за одличен скор од 8-1 на стартот од сезоната.

Натпреварот беше посебен за кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс, кој двапати играше за тимот од родниот Охајо и на кого му ја донесе титулата шампион во НБА во 2016 година.

Лејкерси имаа активен резултат по првото полувреме, дури често водеа во тој дел од играта. Сепак, во вториот дел се случи пресврт, домаќините постигнаа вкупно 36 поени во третата и четвртата четвртина.

На крајот најдобар кај Кливленд беше Донован Мичел со 33 поени, а Дариус Гарланд имаше 24 поени и 7 асистенции.

Се одиграа три натпревари во НБА лигата, а победија Гризлис, Репторс и Јута Џез.

Мемфис на домашен терен го победи Вашингтон со 103-97. По падот во третата четвртина, Гризлис направија решавачка серија од 9-0 во последната четвртина со Моренто на кормилото. Најефикасен беше Дезмонд Бејн со 28 поени, со 3 скока и 4 асистенции, а Џа Морент имаше 23 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Како домаќин, Торонто го победи Чикаго со 113-104, а најдобар играч беше Фред ВанВлит, кој се врати од повредата, со 30 поени, 5 скока и 11 асистенции.

Во последниот меч од вечерта Јута како гостин ги победи Клиперс со 110-102, па сега има изненадувачки 8-3. Џордан Кларксон беше најдобар со 23 поени, 3 скока и 5 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот