Лазаров: За да ја победиме Германија, ќе треба да го одиграме нашиот најдобар ракомет

фото: Ракометна федерација на Македонија

Денеска од 20.30 часот во „Мерцедес-Бенц Арена“ во Берлин најдобрата македонска ракометна репрезентација ќе го игра својот втор натпревар од групата „А“ против домаќинот на Европското првенство, Германија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на стартот загубија убедливо од Франција со 39:29 во Диселдорф, додека Германците со 27:14 ја надиграа Швајцарија.

Во тие први мечеви за нашата селекција прв стрелец беше Жарко Пешевски со седум голови, а за Германија доминираше Јури Кнор со шест. Германскиот голман Андреас Волф запре 60,8 отсто од ударите против Швајцарија, а се истакна и македонскиот чувар на мрежата Никола Митревски кој запиша 11 одбрани против Французите.

Македонија и Германија два пати се сретнаа до сега на европските првенства, во 2012 германските ракометари беа минимално подобри со 24:23, а шест години подоцна ремизиравме 25:25.

– Германија е добар тим како Франција. Можеби не индивидуално, но колективно докажаа дека се навистина силни. Имаат неверојатна одбрана, неверојатен голман и знаеме дека ќе биде навистина тешко да ги победиме. За да победиме, ќе треба да го играме нашиот најдобар ракомет, не само 40 минути како против Франција, туку 60 минути – вели Лазаров.

ЕП 2024, Марко Митев: Ќе го оставиме срцето на теренот за позитивен резултат против Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот