ЕП 2024, Марко Митев: Ќе го оставиме срцето на теренот за позитивен резултат против Германија

фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf

Најдобрата македонска ракометна репрезентација е во Берлин каде в недела од 20.30 часот ќе го игра својот втор натпревар на Европското првенство против домаќинот Германија.

По стартниот пораз од Франција во Диселдорф, избраниците на селекторот Кирил Лазаров се фокусираат на следниот голем предизвик. Играчите тренираа во „Мерцедес-Бенц Арена“ (капацитет 14,800 места) која се очекува да биде исполнета до последно место.

Ракометарот на Алкалоид, средниот бек Марко Митев настапи против француската селекција постигнувајќи три голови.

– Во арената е прекрасно, има голема арена пред нас тука, се очекува да биде полна со домаќинот. Целиот тим е подготвен за натпреварот и се надеваме на позитивен резултат. Германија е квалитетна репрезентација, ќе се бориме, ќе го дадеме нашиот максимум, ќе го оставиме срцето на теренот до последната секунда на мечот – вели Митев.

Пред натпреварот Македонија – Германија, од 18.00 часот ќе играат репрезентациите на Франција и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот