ФОТО: Најдобрите македонски ракометари тренираа во „Мерцедес-Бенц Арена“ во Берлин

фото: Ракометна федерација на Македонија

По првиот натпревар во „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф, најдобрата македонска ракометна репрезентација се пресели во Берлин каде ќе ги одигра преостанатите два меча од групата „А“ на Европското првенство.

Нашите најдобри ракометари го имаа првиот тренинг во „Мерцедес-Бенц Арена“ каде на 14 јануари со почеток од 20.30 часот ќе ги одмерат силите против уште еден фаворит на ЕП, домаќинот Германија.

Селекторот Кирил Лазаров со неговиот стручен штаб сигурно веќе прави анализи што да се поправи во следните дуели.

Германците имаа убедлива прва победа на континенталниот собир откако со 27:14 ја совладаа Швајцарија.

До сега на европските првенства Македонија два пати се сретна против Германците, на ЕП 2012 минимално бевме поразени со 23:24, додека на ЕП 2018 ремизиравме 25:25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот