Лазаров: Треба да постои консензус – поголем дел од буџетот да оди во капитални инвестиции

Партиите и притаено и јавно соопштуваат што би биле нивните понуди на економски план. Професорот Дарко Лазаров е дел од економскиот тим на Христијан Мицкоски, кој ја подготвува економската програма во макро-економскиот дел.

Понудата се сведува на ниво на лицитација – зголемување на платите и инвестирање на во работни места. Но вчера Мицкоски влезе во новата спирала на понуди – автопат Скопје- Битола. Дали е тоа понуда за реанимација на градежништвото или повторно задолжување за долгорочни изградби на патишта.

„Практиката со лицитација на бројки ја почна СДСМ. За жал тие ветувања не беа остварени, како 55 стапка на економски раст, 30.000 денари просечна плата… Ако се вратиме на економската програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе видиме два сегменти – таргетирање на цели и начин, мерки и политика како да се остварат тие цели. Во политичката економија кога креирате мерки мора да имате цели и таргети. Една од тие цели е стапка на економски раст од 4-5% пораст на просечна плата“, изјави во Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ Лазаров.

Тој вели дека тоа што треба да го ценат граѓаните е начинот на кој политичките партии ги дизајнираат политиките во оставање на таквите цели и таргети.

„Во таа насока јас не би рекол дека е лицитирање со одредени бројки, напротив поставување на реални таргети базирани на истражувања и проценки како целата економска програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги даде посакуваните резултати“, вели Лазаров.

Лазаров вели дека би потенцирал дека во Македонија треба да постои консензус по однос на прашањето дека поголем дел од буџетот треба да оди во капитални инвестиции.

– За жал структурата на буџетот е нарушена што средствата одат за популистички мерки и непродуктивни трошења, додаде Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот