Латинска Америка урива рекорди со коронавирусот, досега заразени 1,2 милиони луѓе

epa08357596 An elderly woman carries her purchases in the Copacabana neighborhood, in Rio de Janeiro, Brazil, 10 April 2020 (issued 11 April 2020). Copacabana, one of the most emblematic neighborhoods of Rio de Janeiro and famous for its gigantic crescent-shaped beach, is also the oldest community in all of Brazil. Inspired by musicians and poets, Copacabana is home to 180,000 inhabitants in just 4.1 square kilometers, of which 30 percent are over 65 years old, and has become the region with the highest number of deaths from the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease in the city. EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Бројот на заразените и на умрените од коронавирусот низ цела Латинска Америка расте побрзо од каде било во светот и во најтешко погодените земји тие не покажуваат знаци на забавување. Регионот досега регистрираше речиси 1,2 милиони заразени и повеќе од 60.000 смртни случаи.

„Особено сме загрижени за Централна и Јужна Америка, каде во многу држави има забрзани епидемии“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација Тедорос Габриезус. СЗО не верува дека Централна или Јужна Америка го достигнале пикот на заразата, што значи дека бројот на луѓето што ќе се разболуваат и умираат може да продолжи да расте.Еве еден преглед на епидемиите во три од најтешко погодените земји од Латинска Америка, кои сочинуваат приближно 60 отсто од населението во регионот.

Бразил е заглавен во кризен режим. Земјата брои најмалку 645.771 заразени од коронавирус и 35.026 смртни случаи. Неодамна ја помина Италија и стана трета земја во светот по бројот на починати и најверојатно наскоро ќе ја надмине Велика Британија.Тоа значи дека Бразил ќе биде втор по смртните случаи во светот, заостанувајќи само зад САД. Сепак, вреди да се напомене дека Бразил тестира со далеку пониска стапка од САД, што значи дека многу случаи се нерегистрирани.

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / 23 април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Во најнаселената област Сао Паоло, координаторот на Министерството за здравство вели дека некои случаи на коронавирус се евидентирани како тежок акутен респираторен синдром, или САРС, заради нискиот капацитет на државата за тестирање „Ковид-19“. Студијата објавена оваа недела вели дека Бразил ќе регистрира 1 милион заразени и 50.000 смртни случаи до 20 јуни.

Во меѓувреме, некои од големите градови во Бразил почнуваат повторно да се отвораат. Рио де Женеиро дозволува несуштинските бизниси како црквите, продавниците за автомобили и продавниците за украси да ги прифатат клиентите уште веднаш.

Во Мексико две работи се случија оваа недела кои се конрадикторни една со друга. Прво, Мексико ја забележа својата најлоша недела од појавата на коронавирусот, како во однос на потврдените случаи, така и во однос на смртните случаи.

Забележа за првпат повеќе од 1.000 смртни случаи во еден ден и три последователни дена бележи еднодневни рекорди во нови заразени.

И покрај мрачните бројки, во тек е фазен план за повторно отворање на целата земја.

Мексико Сити/ Фото: Profimedia

Заменик-секретарот за здравство Уго Лопез Гател, кој го води мексиканскиот одговор на Ковид-19, ги повикува сепак Мексиканците да останат дома. Тој истакна дека земјата не е надвор од заканата, и покрај тоа што некои сектори на економијата ќе почнат да се отворат. Но, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор понуди поинаква порака.

„Не кради, не ограбувај, не пренесувај, и тоа помага многу за да не се добие коронавирусот“, рече тој во четвртокот. Мексико има регистрирано 110.026 заразени и 13.170 смртни случаи. Но, со оглед на екстремно ниските стапки на тестирање во земјата, здравствените работници сметаат дека вистинскиот број на заразени е веројатно во милиони.

Луѓето во Калао, Перу, се редеа со часови оваа недела за да ги наполнат резервоарите за кислород. Но, откако стигнаа во предниот ред, роднините на пациентите со „Ковид-19“ се соочија со вртоглави цени. И владата сега признава дека има проблем.

„Нашата мисија е да избегнеме појава на црн пазар во кој трговците ќе ја користат пандемијата за злоупотреба на луѓето“, рече Цезар Чанаме, портпарол на агенцијата за јавно здравје на Перу.

Перу продолжува да се справува со една од најтешките епидемии на Латинска Америка и со 187.400 заразени е на втора позиција во регионот зад Бразил. Земјата има далеку подобри стапки на тестирање од другите земји во регионот, за што експертите велат дека помага да се разбере колку навистина е лошо избувнувањето на епидемијата.Но, дури и со тоа сознание, економската криза ги притиска властите да ја отворат земјата.Оваа недела Перу ќе влезе во втората фаза од својот план за повторно отворање, каде бизниси како продавници за облека и фризерски салони можат повторно да работат. Перуанскиот претседател Мартин Визкара рече дека потезите значат дека приближно 80 отсто од економијата наскоро ќе биде рестартирана.

„Не можеме да ги поддржиме 100 отсто од потребите на земјата со само 50 отсто од производството на економијата“, рече тој.

И покрај бруталните ситуации со кои се соочуваат многу земји во Латинска Америка, има и неколку успешни приказни. Уругвај е земјата која имаше досега еден од најуспешните одговори на Ковид-19 во светот. Со приближно 3,5 милиони жители, оваа земја граничи со Бразил, каде епидемијата зеде најголем замав од цела Латинска Америка. Но, Уругвај има регистрирано само 834 заразени и еден смртен случај од 24 мај, а вкупно од почетокот на епидемијата само 23 жртви.

Експертите велат дека причините за успехот на земјата се многубројни – робустен ран одговор, вклучително и мерки за карантин, голем и ефикасен систем за пронаоѓање и изолирање на заразените, рандом тестирање и создавање на Комитет за одговор на кризи. Како резултат на тоа, Уругвај почнува повторно да ја отвора својата економија.

Земјата започна да ги ублажува ограничувањата на почетокот на мај. На 1 јуни основното и средното рурално образование започнаа повторно во повеќе од 400 училишта, а постепено се дозволува и повторно отворање на бизнисите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот