Лајен: Сè уште има значителни разлики со Велика Британија, преговори утре

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека сè уште има „значителни разлики” во ставовите на Брисел и Лондон и оти договорот за Брегзит нема да биде можен доколку не се решат тие разлики.

Фон дер Лајен денеска разговараше со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Во заедничко соопштение по разговорите се истакнува дека е постигнат напредок во многу области, но не и во клучните три – еднакви услови, управување и риболов.

– Двете страни нагласија дека ниту еден договор не е изводлив доколку овие прашања не се решат. Препознавајќи ја сериозноста на овие разлики, се согласивме дека нашите преговарачки тимови треба да направат дополнителни напори за да проценат дали може да се решат, се вели во соопштението.

Претседателката на Европската комисија вели дека главните преговарачи на Брисел и Лондон ќе се сретнат утре во Брисел, и оти таа повторно ќе се слушне со премиерот Џонсон во понеделник вечер.

Главните преговарачи на Брисел и Лондон, Мишел Барние и Дејвид Фрост вчера заклучија дека „нема услови за напредок во преговорите” и паузираа во дијалогот за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот