Кузмиќ во принудна кома пренесен во Белград

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Огњен Кузмиќ кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Бања Лука – Приједор, се наоѓа во принудна кома.  Поради големите болки тој е во принудна кома за да може полесно да го поднесе итниот трансфер со хеликоптер во Белград.

– Пациентот се наоѓаше на апарати за механичка вентилација. Поради сериозните повреди и нивното санирање тој итно беше префрлен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар Србија – изјави Владо Ѓајиќ, директорот на Клиничкиот центар во Република Српска.

Огњен Кузмик во сообраќајната несреќа заработи скршеници на вилицата и има тешки повреди на главата и на градниот кош, но според лекарите, тој нема хематом на мозокот и не се наоѓа во животна опасност.

 

https://www.slobodenpecat.mk/od-avtomobilot-se-slushashe-gladna-muzika-i-kashlane/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот