Српски кошаркарски репрезентативец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Кошаркарот на Црвена Звезда и на српската репрезентација, Огњен Кузмиќ се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која утринава се случила на патот Бања Лука – Приједор.

фото: приједорданас

Кузмиќ кој бил зад воланот на своето „Порше“ се судрил со автомобил „БМВ“, тој и неговиот сопатник се здобиле со тешки повреди и веднаш се пренесени во Клиничкиот центар на Република Српска.

Огњен Кузмиќ има тешки повреди на главата и на градниот кош, а се очекува во најскоро време да биде префрлен на лекување во Белград.

„КК Црвена Звезда со жалење ја известува јавноста дека во недела во утринските часови на магистралниот пат Бања Лука – Приједор, центарот на нашиот клуб и репрезентативец на Србија, Огњен Кузмиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа. Поради тешките повреди на главата и на градскиот кош во тек е негово итно префрлање во Белград на понатамошно лечење“, стои во соопштението на Црвена Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот