Курти како в.д. премиер го разреши вицепремиерот Хоти

Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти, недолго откако во Собранието беше изгласана недоверба на неговиот кабинет, го разреши од должноста првиот потпретседател на Владата Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението кое кабинетот на Курти го испрати до медиумите синоќа по полноќ, се наведува дека, согласно неговите законски и уставни овластувања, премиерот Курти донесе одлука „г. Авдулах Хоти да се ослободи од функцијата вршител на должноста прв вицепремиер”.

Разрешениот вицепремиер е член на раководството на Демократкиот сојуз на Косово (ЛДК), партијата на чија иницијатива доцна синоќа Собранието со мнозинство гласови му изгласа недоверба на Курти и неговата Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот