Курти и Тачи конечно ќе остварат средба

Фото: МИА

Во кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи попладнево пристигна премиерот Албин Курти, кој, по неколкуте неуспешни обиди и одбиени покани од едната и од другата страна, денеска ја прифати поканата од претседателот на државата за средба на која ќе се разговара за хармонизирање на ставовите во надворешната политика на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Средбата се одржува недолго по објавата на кабинетот на Тачи дека претседателот е подготвен и денеска да се сретне со премиерот и по потврдата на Курти дека ќе замине на состанокот.

По денешната седница на Комисијата за спречување на коронавирусот, Курти изјави дека ќе замине на средбата со Тачи, но оти, поради мерките за спречување на ширењето на заразата, „нема да има ракување”.

Партијата на Курти, Движењето Самоопределување, години наназад, од времето кога беше во опозиција, има непријателски однос кон актуелниот претседател на Републиката, кого го обвинува за штетни договори со претставници на меѓународната заедница и го смета за „предавник на националните интереси”, посебно во преговорите со Србија за решавање на спорните прашања меѓу двете држави.

Тачи, пак, пред два дена го обвини Курти дека се залага за растурање на историските сојузништва на Косово, со тоа што ги одбива барањата на САД за укинување на таксата кон увозот од Србија. Во објава на својот Фејсбук претседателот, меѓу другото, го нарече премиерот „лажго, страшливец, расколник, човек без достоинство и антиамериканец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот