Курти и Рама со спротивставени ставови за балканскиот „Мини Шенген”

И двајцата премиери беа прашани во врска со „Мини Шенгенот“. Курти рече дека за ова прашање се дискутирало многу кратко.

Премиерот на Косово, Албин Курти, во Тирана се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама. После средбата двајцата изјавија дека ќе ја продлабочат соработката.

И двајцата премиери беа прашани во врска со „Мини Шенгенот“. Курти рече дека за ова прашање се дискутирало многу кратко.

-Ова беше наша прва средба и има многу теми за кои ќе зборуваме и во иднина. Ова беше една тема за која зборувавме, но многу кратко. Може да кажам дека ова наша прва средба беше за албанскиот “Макро Шенген“, отколку за балканскиот „Мини Шенген“- изјави Курти.

Од друга страна премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека нема албански “Мaкро Шенген“, туку балкански “Мини Шенген“.

-Во оваа точка има една дискусија која треба да ја развиваме, верувам дека нема албански “Макро-Шенген“, без балкански шенген. Не знам кој го нарече “мини“, јас и заради височината не сум склон да права мини нешта. Но, верувам дека албанскиот „Макро Шенген“ е поврзан со регионалниот шенген-изјави Рама.

Инаку на средбата е договорено да се одржи заедничка владина седница во Скадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот