Курти го призна фијаското на „Самоопределување“ на изборите

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер и лидер на партијата Движење самоопределување (ВВ) ги оцени како незадоволителни резултатите што неговата партија ги постигна на вчерашното прегласување за локалните избори 2021 во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти пред новинарите изјави дека слабиот резултат е последица на „одредени внатрешни дефекти” во ВВ.

– Незадоволителниот исход за нас доаѓа како резултат на одредени внатрешни дефекти кои треба да ги анализираме подолго во наредниот период, како и на обединувањето на сите останати против ВВ, изјави Курти по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Приштина.

Курти им честита на сите победници на изборите, порачувајќи им дека „ги очекуваат многу битки и работа во соочувањето со криминалот и корупцијата”. Тој рече дека ќе соработува со новоизбраните градоначалници, без оглед од која партија доаѓаат.

Кандидатите за градоначалници на албанските опозициски партии победија во 23 општини, вклучително и престолнината Приштина и повеќето поголеми градови, како Призрен, Урошевац, Митровица, Ѓаковица, Пеќ и други. Партијата на Курти, која е на власт откако на парламентарните избори во февруари годинава освои над 50 отсто од гласовите, на локалните избори победи само во четири општини, во Гњилане, како како нешто поголем, и во уште три помали градови. Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, ги освои сите десет општини со мнозинско српско население, а во уште една општина победи Деморатската партија на Турците.

Првиот круг локалните избори 2021 во Косово се одржана 17 октомври, а вчера се прегласуваше за градоначалници во 21 од вкупно 38 општини, колку што има во државата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот