6 C
Скопје

Курц „ифрит“ лут ги критикуваше градоначалниците: Се вакцинирале преку ред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е лут поради градоначалниците на повеќе места, кои се вакцинирале против корона вирусот надвор од списокот со приоритети, а вицеканцеларот Вернер Коглер бара реакција од покраините.

Во изминатите неколку дена, медиумите објавија дека, на некои места, како дел од вакцинацијата на корисници во  домови за стари лица исто така, вакцинирани се и локални политичари, вон ред, и се тврди дека некои луѓе плаќале за добивање на  вакцина.

Курц рече дека нема разбирање за градоначалниците кои се имунизирани со „преостанатите дози“ од вакцината, иако сè уште не им е редот.

– Ако некој се вакцинира преку ред, тогаш тоа е морално разочарувачки. Ако останат дози на вакцината, важно е да се дадат брзо. Но, тие треба да им се даваат на постарите луѓе, а не на политичарите, нивните жени и регионални истакнати личности – нагласи тој.

Прочитајте и...  ЕУ блокира испорака на вакцини на АстраЗенека за Австралија: Воспоставува и регистар за следење на извозот

Тој рече дека се потпира на фактот дека секој лекар што ја спроведува вакцинацијата, но пред се секоја одговорна личност на организацијата на самото место, го зема предвид општото добро, а не неговата сопствена предност.

Министерството за здравство, најавува, дека во иднина ќе го интензивира барањето за документација за вакцинација, со цел да се запре злоупотребата и да се спречи некои да се туркаат преку ред.

По седницата на владата, вицеканцеларот Коглер ги повика покраините веднаш да реагираат.

Во провинциите Ворарлберг, Тирол, Корушка, Горна Австрија и Долна Австрија, како и Виена, преостанатите дози на вакцината не им беа дадени на корисници во домови за стари лица, медицински персонал или на граѓани постари од 80 години, туку на политичари, општински службеници и роднини.

Прочитајте и...  Адеми: Мнозинството има конзистентност и во нашите ставови и во политичкото делување

Коглер побара таквата практика веднаш да се прекине.

Тој исто така апелираше до гувернерите на провинциите остро да реагираат, како и во врска со можните оставки на градоначалниците.

 

 

Поврзани вести

Бурна ноќ за полицијата и инспекторите: Испразнета салата Јане Сандански – 150 навивачи од трибините испратени дома

Мирослава Бурнс

Стефоска: Охрид треба да биде стратешка цел и грижа на сите

Слободен печат

Започна евакуацијата на жителите: Нов силен земјотрес со јачина од 8,0 степени близу Нов Зеланд

Слободен печат

ВИДЕО: Почина пензионираниот владика Атанасије

Илинка Иљоска

Николовски: Не гледам јасен бенефит од графата за етничка припадност

Слободен печат

Италија ги одложува локалните и регионални избори: Драстично е зголемен бројот на новозаболени од ковид- 19

Слободен печат

Остави Коментар