Куман: Мора да живееме со проблемите, ќе биде интересно со ПСЖ!

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Тренерот на Барселона, Роналд Куман оцени дека двата натпревари од осминафиналето против ПСЖ во Лигата на шампионите ќе бидат интересни и убави за гледање.

И стратегот на парискиот клуб, Маурисио Покетино е свесен за тежината на овој двомеч, но и Аргентинецот верува во неговите играчи дека може да направат резултат кој ќе ги одведе во наредната фаза.

– Влегуваме во мечот со голем ентузијазам. Од самиот почеток знаеме дека ќе бидат тешки натпревари, бидејќи ПСЖ има силен тим. Барселона напредуваше во последните месеци, а ПСЖ има квалитет. Ќе бидат два интересни и убави натпревари – рече Куман.

Барса утре од 21.00 часот на „Камп Ноу“ се среќава со француската екипа во првиот меч, а говорејќи за Жерар Пике, кој се опоравува од повредата, Куман вели дека е добро и дека тренира со тимот четири-пет дена.

– Верувам дека може да игра, но имам уште еден ден да одлучам дали ќе биде во составот – додаде холандскиот стручњак.

Парижаните нема да можат да сметаат на Нејмар и Анхел Ди Марија во вторник, кои се здобија со повреди на препоните, односно на мускулите.

– Важно е за секоја екипа да ги има на располагање сите играчи. Ни недостасуваат Араухо, Серхио Роберто, Ансу Фати, Филипе Кутињо. Мора да живеете со тие проблеми и да подготвувате други играчи. Секој тим има предности и слабости, се надевам дека ќе ги искористиме утре – се зборовите на Куман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот