Покетино планира да ја елиминира Барса без Нејмар!

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Се ближи стартот на осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите, а секако еден од најинтересните ќе биде двомечот помеѓу ПСЖ и Барселона.

Утре со почеток од 21.00 часот на „Камп Ноу“ е првата пресметка, а реваншот е во Париз на 10 март.

Тренерот на францускиот клуб, Маурисио Покетино верува дека неговите играчи можат и без главната ѕвезда Нејмар да водат рамноправна борба против каталонскиот гигант.

– Секако ни треба јасна структура и идеја како да нападнеме и да ја запреме Барселона. Секогаш веруваме во нашите играчи да ја завршат својата работа на најдобар можен начин и да извлечат позитивен исход. Барса знае да се натпреварува, тим кој е создаден да победува, но истото може да се каже и за ПСЖ – вели Покетино.

Покетино ќе патува во Барселона без клучни играчи како Нејмар и Анхел Ди Марија поради повреди. Килијан Мбапе се очекува да го предводи нападот на париските „светци“, со Мауро Икарди, Мојз Кин, Јулијан Дракслер и Пабло Сарабија како можни стартери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот