Куман го отпиша Луис Суарез

epa08535515 FC Barcelona's Luis Suarez celebrates after scoring a goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and RCD Espanyol at Camp Nou stadium in Barcelona, north-eastern Spain, 08 July 2020. EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Новиот тренер на Барселона веќе го составува тимот за наредната сезона, а во него нема да има место за ветеранот Луис Суарез.

Како што пренесува Радио Каталонија, Куман денеска имал средба со напаѓачот на која му порачал дека нема да смета на него во новата сезона и е слободен да си бара нова средина.


Суарез има уште една година од договорот со Барселона, но во последно време постојано се шпекулира со неговото заминување, посебно што во последните две сезони игра далеку под своите можности.

Челниците на Барселона по завршувањето на сезоната во Ла Лига во која го освоија второто место зад Реал Мадрид, но и поразот од Баерн Минхен во ЛШ, најавија драстични промени во играчкиот кадар и само на малкумина им е загарантирано местото во тимот за наредната сезона, тоа се Тер Штеген, Де Јонг, Фати, Ленгле, Дембеле, како и на Меси доколку остане во тимот.

Суарез во Барселона пристигна пристигна 2014 година од Ливерпул и на 283 натпревари во сите конкуренции постигна дури 198 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот