Кукуловски ново засилување за Е. Пелистер

фото: Еурофарм Пелистер

Македонскиот вицешампион и минатата сезона претставник на нашата земја во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го продолжува процесот на засилувања за сезоната 2020/21.

Од денеска нов член на битолскиот суперлигаш е младиот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар.

Се работи за играч, кој ги помина младинските екипи на Вардар, а потекнува од школата од Ресен. Настапуваше за составот на Вардар Јуниор, кој се натпреварува во Суперлигата, додека повремено добиваше и шанса за игра во првиот тим. Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата пред две години, додека минатата сезона постигна и два гола на натпреварите во Лигата на шампионите.

Кукуловски се обврза на договор на три сезони и дел е од проектот на Жељко Бабиќ во клубот од Битола.

До овој момент нови членови на Еурофарм Пелистер се Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ и Танкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот