КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува кој ќе работи, а кој не.

Сметаат дека на овој начин ќе се уназадат правата на работниците и предлагаат во став 134 став 2 од Законот за работни односи да стои дека  Недела е ден за неделен одмор, а секоја раота во недела да се пресметува како прекувремена работа и да се исплаќа дневница зголемена за 50 проценти. Во став 3 од истиот член предлагаат да се додаде дека неделното работно време не смее да се продолжува во недела, односно дека неделното работно време е од понеделник до сабота.

– Со ваква измена сметаме дека се задоволуваат потребите на работниците, но и на бизнис секторот од причини што во Законот за работни односи, член 117 став 5 вели дека ,,Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно”. Со ваква измена во членот 134 и имајќи го предвид членот 117 каде што кажува колку најмногу може прекувремено да работи еден работник, се заштитува работникот од една страна, да неможе да работи секоја недела, а од друга страна исплатата на дополнителна зголемена дневница го задоволува трудот кој сега би имал додадена вредност и капиталот се распределува порамноправно, појаснува КСС во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот