Крвав вовед: Прободени двајца навивачи на Селтик! (ВИДЕО)

bbc.com

Двајца навивачи на Селтик се прободени со нож во центарот на Рим пред натпреварот денеска во Лига Европа против Лацио.

Италијанската новинска агенција „АНСА“ објави дека навивачи од Шкотска, на возраст од 35 и 52 години, биле нападнати во заседа во еден ирски паб во Рим, и со убодни рани беа однесени во клиниката „Умберто“.

Според информациите кои доаѓаат од Твитер очевидец на настанот, Кевин Мекгвајер, навивачите на Селтик беа во задниот дел од пабот гледајќи ја својата работа.

Се проценува дека околу 9.000 илјади фанови на шкотскиот клуб вечерва да допатуваат во главниот град на Италија.

Дуелот од четвртото коло во групата „Е“ на Лига Европа меѓу Лацио-Селтик се игра вечерва од 18.55 часот.

После три кола лидер на групата е Селтик со седум бодови, а го следат Клуж со шест, Лацио со три и Рен со еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот