Крузерот „Вестердам“ конечно се закотви во Камбоџа, 2.200 патници ќе се тетираат за коронавирус

Фото: Википедиа

Впловувањето на бродот во пристаништата на другите земји не беше дозволено, иако операторот, компанијата „Холанд Америка Лајн“, соопшти дека меѓу 1.455-те патници и 802-та члена на екипажот нема потврдени случаи на коронавирус.

Крузерот „Вестердам“, чие пристигнување досега го одбија пет азиски и пацифички земји од страв од ширење на коронавирусот COVID-19, конечно се закотви во Камбоџа, каде 2.200-те патници ќе бидат ставени на тестирања.

Впловувањето на бродот во пристаништата на другите земји не беше дозволено, иако операторот, компанијата „Холанд Америка Лајн“, соопшти дека меѓу 1.455-те патници и 802-та члена на екипажот нема потврдени случаи на коронавирус.

-Бродот е закотвен на еден километар од главното пристаниште Сиханоквил, а планирано е екипа здравствени работници да се качат на крузерот за да ги изведе медицинските испитувања и да донесе одлука за процесот на истоварување, изјави гувернерот на градот Коуч Чамроун – пренесоа американските медиуми.

Американскиот амбасадор во Камбоџа, Патрик Марфи, изјави дека испратил екипа од амбасадата да работи со претставниците на бродот и официјалните лица од земјата домаќин да им помогне на Американците да се симнат од бродот и да го продолжат патот до своите крајни дестинации.

Операторот соопшти дека крстарењето завршува во Сиханоквил, од каде патниците можат со чартер лет да заминат во главниот град Пном Пен, а оттаму да се вратат во своите домови, за што била добиена согласност од властите на оваа земја.

Застанувањето на крузерот „Вестердам“ во своите пристаништа го одбија Тајланд, Филипини, Тајван, Јапонија и Гуам.

Крузерот своето патување го почна минатиот месец од Сингапур, а последното застанување му беше во Хонгконг, градот во кој досега се потврдени 50 случаи на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот