Кривичниот суд одреди 30-дневен притвор за Палевски од денот кога ќе биде уапсен

фото: МВР, распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски

Скопскиот Кривичен суд му определи мерка 30-дневен притвор на првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, Љупчо Палевски со прекар Палчо, кој е во бегство, а која ќе биде спроведена по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски-Палчо

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството и на Љ.П. со прекар П. Од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори кривичното дело. Согласно наредбата за спроведување истражна постапка, за лицето постои основано сомнение за кривичните дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.7 вв со чл. 22, Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 вв. чл. 22 и Предизвикување општа опасност од чл. 288. ст.1 вв со чл. 22 од КЗ, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Претходно вчера, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство за осомничениот кој е во бегство по итна постапка донесе Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ, а Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Палевски.

ВИДЕО: Љупчо Палевски – Палчо, осомничен дека ја егзекутирал Вања, во пропаднат обид да изнуди пари од мајка ѝ која штотуку продала стан

– Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.

Од Судот потсетуваат дека во текот на вчерашниот ден, на предлогот на Јавниот обвинител, судија на претходна постапка им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, заради опасност од бегство и попречување на истрагата со влијание врз сведоци и на Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, заради опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повторат односно извршат ново кривично дело.

Бугарско МВР: Немаме информации дека Љупчо Палевски се наоѓа на бугарска територија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот