Кристијано Роналдо мисли на сè: Има и личен тренер за спиење

Роналдо секогаш спие во положба фетус и секогаш на чиста постелнина која се менува секој ден, а додека беше член на Реал Мадрид имаше посебна капсула за спиење.

Кристијано Роналдо целиот свој живот го посвети да биде најдобар и за таа цел не бира средства и начини. Португалскиот репрезентативец мисли на се – па дури и на спиењето, тој си ангажирал личен тренер за спиење.
Човекот се вика Ник Литлхелс и според неговите зборови, тој е „гуру за спиење“, а со Роналдо работи уште додека Португалецот играше за Реал Мадрид.

Тој му наметнал ритам на спиење на Роналдо кој е сличен со тој што го имал еден од најголемите умови во човештвото, Никола Тесла.
Литлхелс првиот контакт со фудбалот го имал во Манчестер јунајтед уште пред Роналдо да пристигне на „Олд трафорд“. Тогаш бил директор на компанија која продавала кревети за спиење, а бил ангажиран од Алекс Фергусон да му помогне на неговиот дефанзивец Гери Палистер кој лошо спиел поради проблемите со грбот.

Неколку години подоцна кога Кристијано беше член на Реал Мадрид, тогашниот тренер Карло Анчелоти го повикал Ник Литлхелс да поразговара со неговите фудбалеи и да помогне да имаат подобар сон, поточно подобро опоравување од тренинзите и натпреварите.
Советите на Литлхелс највеќе му се допаднале токму на Роналдо и веќе седум години ги практикува и често се советува со „гуруто за спиење“.

Кристијано Роналдо не спие по 7-8 часа секоја вечер, туку тој пет пати на ден спие по 90 минути. Еден ипол час пред спиење не гледа во мобилниот телефон, телевизија или било какви други екрани.
Секогаш спие во позиција фетус и на чиста постелнина.
Според Литлхелс, за Роналдо во Мадирд била обезбедена посебна капсула за спиење за да може да го практикува задолжителниот одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот