Криси Тајген на својот твитер-профил се огласи во одбрана на Меган Маркл

Сопругата на пејачот Џон Леџенд, манекенката Криси Тајген се огласи на својот твитер-профил коментирајќи ја целата ситуација поврзана со Меган Маркл, која го очекува своето второ дете со принцот Хари.

„Ова сра*е со Меган Маркл почнува премногу да ме допира. Овие луѓе нема да запрат додека таа не доживее спонтан абортус. Престанете“, напиша таа.

Повеќето нејзини обожаватели го поддржаа нејзиниот пост.

Се согласувам! Меган и Хари донесоа правилна одлука што го напуштија кралското семејство. Оставете ја Меган на мира!“, беше еден од коментарите.

youtube
Принтскрин / Youtube

Сите со нетрпение го очекуваат интервјуто на Опра Винфри со Хари и Меган, што ќе се емитува во недела на 7 март, прво во Америка, а ден подоцна во Велика Британија.

На прашањето на Опра, „Како би реагирала палатата на интервјуто во кое Меган ја кажува својата вистина“, сопругата на Хари имаше интересен одговор.

Не знам како би можеле да очекуваат дека, после толку време, би молчеле затоа што палатата играше активна улога во ширењето толку многу лаги за нас? Ако постои ризик да изгубиме нешто со овој разговор, мислам дека многу од тоа е веќе одамна изгубено“, одговори Меган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот