Кралицата Елизабета отвора „драјв-ин“ кино на нејзиниот имот

Profimedia

Само замислете го ова, петок навечер во автомобил со друштво гледате добар филм во градината на кралското семејство. Па и не звучи како лош план, нели?

Можноста не е исклучена, навистина. Приватниот имот Сендрингем, ќе биде домаќин на „драјв-ин“ кино. Тоа значи дека ќе можете да ги кренете нозете и да уживате во некој од култните филмови како „Toy Story“ или „Bohemian Rhapsody“ токму во градината на кралицата.

Во Велика Британија „драјв-ин“ кината почнаа повторно да функционираат на 15 јуни, по постепеното укинување на рестриктивните мерки заради пандемијата. Иако кино-салите реотворија на 4 јуни, сепак некои од нив го одложија отварањето ограничувајќи се од можен ризик. Ниту една од кино-салите и покрај строгите мерки не може да гарантира за ваша целосна заштита.

Што се однесува за сите настани на отворено, Здружението на кино-сали во Велика Британија соработуваше со Одделот за култура, медиуми и спорт за да ги договорат и усвојат упатствата и здравствените протоколи за време на проекција на филм на отворено.

А тоа секако го вкучува и настанот кој треба да се одржи на имотот на кралицата. Сендрингем се наоѓа во Норфолк, Англија, и е приватна резиденција на четири генерации британски кралеви и кралици од 1862 година.

Секоја година, кралското семејство се одмора во Сендрингем за Божиќ, за да присуствуваат на богослужбата во црквата Света Марија Магдалена.

Но сега многу луѓе ќе добијат шанса барем на момент да се почувствуваат како дел од кралското семејство уживајќи во добар филм со поглед кон палатата која ќе ѕирка зад платното.

Компанијата „Enchanted Cinema“ ќе биде домаќин на настанот и задолжена за одржување на социјално растојание. Тридневното „драјв-ин“ кино ќе се случува на 25, 26 и 27 септември. Ќе се прикажуваат повеќе филмови како „Rocketman“, „The Greatest Showman“, „A Star Is Born, Grease“, „Moana“ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот