„Кралевите“ со пресврт ја започнаа одбраната на титулата во Ла Лига

Фото: EPA-EFE/Carlos Barba

Фудбалерите на Реал Мадрид со победа ја започнаа одбраната на титулата во Ла Лига.
„Кралевите“ славеа на гостувањето кај Алмерија со 1:2 и тоа благодарение на пресвртот што го направија во второто полувреме.

Алмерија поведе веќе во шестата минута , по додавањето на Егуарас, Рамазани излезе сам пред Куртоа и немаше проблем да го совлада чуварот на мрежата на Реал.
Набргу по примениот гол Реал можеше да израмни, но Бензема беше непрецизен.

„Кралевите“ продолжија со нападите и иницијативата вроди со плод во 61 минута кога одбиената топка по шутот на Винисиус дојде до Лукас Васкез кој погоди за 1:1.

Победата и трите бода за Реал Мадрид ги обезеди Давид Алаба кој во првиот контакт со топката по неговото влегување во игра, во 75 минута постигна прекрасен гол од слободен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот