Крадец украл пари од брокерско друштво во Куманово

Полициски службеник / Фото: Архива

Вооружен крадец денеска украл пари од брокерско друштво во Куманово.

Кумановската полиција потврди дека вооружен разбојник, денеска околу 13.30 часот, одзел одредена сума на пари од брокерско друштво, лоцирано на улицата „Иво Лола Рибар”. Случајот во полицијата го пријавил вработен.

Од СВР Куманово информираат дека се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот