Ковид-тест наместо карантин за патниците пред меѓународните летови, бараат авиокомпаниите

Глобалните авиокомпании денеска побараа патниците да бидат тестирани за коронавирус пред сите меѓународни летови, наместо да им биде наложен карантин или да бидат изложени на други мерки во земјите во кои пристигнуваат, кои авиопревозниците ги сметаат за причина за драстичното намалување на патувањата.

– Брзите и достапни тестови што може да ги изврши немедицински персонал се очекува да бидат достапни за неколку недели и треба да се спроведат во согласност со глобално договорените стандарди, изјави шефот на Меѓународното здружение за воздушен превоз (ИАТА) на брифинг со новинарите.

– Не гледаме никакво алтернативно решение што би било помалку предизвикувачко или поефикасно, рече Александар де Jуниак.

Погодени од пандемијата, превозниците вршат притисок врз владите да преземат мерки за ублажување на ограничувањата на патувањето бидејќи го попречуваат обновувањето на воздушниот сообраќај, а во Европа мерките повторно се заоструваат поради зголемениот број на заразени.

Превозниците ќе работат на тоа да го направат антигенскиот тест достапен за само седум американски долари и да биде поддржан од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО), која е задолжена за постојано следење на воведувањето и спроведувањето на Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство.

Потребен е меѓународен договор за да се утврди дека резултатите од тестовите извршени на аеродромот при поаѓање ќе бидат прифатени по пристигнувањето на дестинацијата, рече Де Јунијак.

Антигенските тестови се побрзи, но генерално, понепрецизни, па веројатно нема да откриваат ист број позитивни случаи како и лабораториските молекуларни дијагностички тестови.

Меѓу компаниите кои ги најавуваат новите тестови, германскиот специјалист за дијагностика Кијаген во септември посочи дека планира да лансира антигенски тест, кој дава резултати во рок од 15 минути и може да се користи на аеродромите и стадионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот