Ковид-19 во хрватскиот Сабор: Претседателот Гордан Јандроковиќ со позитивен наод

Фото: EPA-EFE/ZOLTAN BALOGH HUNGARY OUT

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој е во самоизолација, е позитивен на новиот коронавирус. Саборот соопшти дека Јандроковиќ има лесни симптоми, добро се чувствува и е во својот дом.

Јандроковиќ е во самоизолација од средата откако кај вработен во неговиот кабинет беше потврдена болеста. Во меѓувреме, потпретседателот на Саборот, Жељко Рајнер соопшти дека добил негативен тест.

– Мојот тест е негативен. Вечерва ги добив резултатите. И понатаму сум во самоизолација до 12 октомври. За жал тоа не се менува, но добро е да се знае дека тестот е негативен, посочи Рајнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот