Ковачевски: Не ме чудат амандманите за коридорите од партија чиј лидер се поклонува на Енвер Хоџа
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека пратениците се доволно мудри, имаат визија и дека ќе ги донесат законите за изградба на коридорите 8 и 10д иако опозицијата поднесе над 1.000 амандмани. Измените на пакет законите за изградба на коридорите се предлог на пратеници, а не на Владата, бидејќи, како што вели Ковачевски, и специјалниот закон за коридорите бил предложен од пратениците.
Препорачано
„Мене не ме чудат амандманите поднесени од Левица, чиј претседател оди и се поклонува на гробот на Енвер Хоџа. Не треба ништо да ве чуди, а посебно не треба да ве чуди од партија која е заложник на партија чиј претседателот оди и се поклонува на гробот на Енвер Хоџа. Прво спецјалниот закон е предложен од пратеници и е донесен без никој да биде против и сите постапки се правени согласно тој специјален закон. Сметам дека пратениците имаат и доволно знаење и доволно искуство и визија за да донесат законски решенија кои ќе обезбедат побрзо и ефикасно работење на компаниите, проектантите и изведувачи на овој проект за конечно нашата држава да добие коридори какви што граѓаните заслужуваат“, рече Ковачевски.


