Ковачевски ќе го враќа стандардот од бивша Југославија, за Марфи измените во Уставот се само технички

САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија на патот кон ЕУ на кој ѝ претстојат тешки и храбри одлуки, порача американскиот сенатор Крис Марфи по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

– Тука сум за да се осигураме дека САД праќаат силна порака до партнерите во Собранието дека ве поддржуваме во одлуката за евроинтеграција и ве повикуваме да ги преземете потребните чекори за тоа. Знам дека долг беше патот кон Европската Унија и многумина поставуваат прашање дали ЕУ е вистинската можност. ЕУ е вистинската можност. Уставните измени, односно технички измени на Уставот се јасна можност за Северна Македонија да се приклучи кон Унијата – рече Марфи.

Премиерот Ковачевски, пак, кажа дека ни претстои пат со тешки и храбри одлуки, со поддршка од САД и нивните високи претставници.

– Благодарение на поддршката од искрени пријатели како САД, денес Македонија стана земја фактор на стабилност во регионот и земја членка на НАТО. Денес сме земја со подобрен кредитен рејтинг, со зголемена минимална плата, зголемена просечна плата и зголемени пензии. САД и Македонија го покажуваат поимот партнерство на дело. Нашите американски пријатели се залагаат за демократско општество – рече Ковачевски.

Тој најави тешки одлуки со цел граѓаните да имаат стандард каков што имале граѓаните во времето на СФРЈ, кога тој бил далеку подобар од стандардот кој го имале земји како Бугарија, Полска, Романија кои денес се членки на ЕУ.

– Ние мора да им обезбедиме на нашите граѓани да живеат во членка на ЕУ. Ние сме била земја која потекнува од СФРЈ. Во тоа време имавме поголем стандард и од Чешка, Полска, Бугарија, Романија, Словачка и од сите земји кои станаа членки. Јас ќе донесам одлуки со цел граѓаните на Македонија да имаат повторно поголем стандард од сите граѓани од кои што порано сме имале поголем стандард – изјави Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот