Костадинов му подари штедна книшка со 40 илјади денари на првото новороденче во 2022 од Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов со мајката на првото новороденче во 2022 во Струмица/ Фото МИА.мк

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов денеска го посети првото новороденче од Струмица, кое на свет дојде на 1 јануари и му подари штедна книшка со 40 илјади денари, а на мајката Тамара Пандева од село Банско, на која ова и втора рожба, и го честиташе синчето.

– Честитки на семејството Пандеви, а бебето да е живо и здраво, да има весело и безгрижно детство и добар живот во општина Струмица, напиша Костадинов.

Инаку, на почетокот на годината во струмичката болница имаше уште едно породување на машко бебе од Гулбеас Караелмазова од валандовско Калково, која се породи во 01:10 часот, а најмладиот струмичанец дојде на свет неколку часови подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот