Косовските специјалци и Србите се повлекоа од границата, распоредени се војници на КФОР

Граничниот премин Јариње / фото:ЕПА

Специјалните единици на косовската полиција попладнево се повлекоа од административниот граничен премин Јариње кон Србија, а претходно од местото беше тргнат и камионот со билборд на кој пишуваше „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“.

Тргнати се и шаторите во кои две недели престојуваа Србите кои го блокираа преминот, незадоволни од одлуката на Приштина да не дозволува влез на возила со српски таблички во Косово.

Патот Јариње-Косовска Митровица е деблокиран и прооден, јавуваат српските медиуми.

На деблокирањето на патот се чекаше до околу пладне, иако претходно беше најавено дека тој ќе биде прооден во осум часот утрово.

Утрово, според договор меѓу Белград и Приштина за смирување на тензиите на границаат, на преминот Јариње пристигнаа единици на КФОР, а војниците се распоредени во граничниот појас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот