Косовски угостители на протест во Приштина: Се кршеа чаши пред Владата во знак на незадоволство од мерките за Ковид-19

Фото: balkaneu.com

Претставници на Здружението на угостители на Косово со кршење чинии пред зградата на Владата го изразија своето незадоволство поради недостатокот на институционална поддршка за овој бизнис, кој трпи големи штети од ограничувањата поради епидемијата на Ковид-19.

Претседателот на Здружението, Петрит Клокоќи ги повика косовските угостители да се придружат на акцијата, како и на протестот на главниот приштински плоштад, закажан за 25 септември.

– Преку овој симболичен чин го изразуваме нашето незадоволство поради немањето финансиска поддршка од институциите на Косово и мерките кон угостителството што сè уште се на сила. Исто така ги повикуваме сите угостители да се приклучат на оваа симболична акција, како и на протестот на 25 септември, изјави Клокоќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот