Косовски медиуми: Авиолинијата Белград – Приштина ја загрозува независноста на Косово

Фото: Профимедиа

Според весникот, се избегнува споменувањето на АСХНА – кратенка за државната агенција за навигација, а се користи само „Единица за воздушен сообраќај“ – термин кој се употребуваше уште пред Косово да прогласи независност.

Приштинскиот весник „Коха диторе“ оценува дека косовската државност се доведува во прашање поради директната авиолинија меѓу Приштина и Белград.

Според весникот, во документот кој косовските власти го потпишале во Берлин, се избегнува употребата на имињата на косовските институции.

Косовската Управа за цивилно воздухопловство на пример се вика „Власт за цивилно воздухопловство на Косово“.

-Станува збор за отворање на посебна линија меѓу Србија и Косово, но се избегнува терминологијата на имињата на државните институции, пишува приштинскиот дневник.

Според весникот, се избегнува споменувањето на АСХНА – кратенка за државната агенција за навигација, а се користи само „Единица за воздушен сообраќај“ – термин кој се употребуваше уште пред Косово да прогласи независност.

Сепак, како што пишува Коха, косовските и српските власти потпишале два различни договори специфични за нивната работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот